19.04.2024.
language selection
NARODNA TEHNIKA
ZA NARODNA TEHNIKA
SEKCII
PARTNERI I SORABOTKA
KONTAKT SO NAS
AKTIVNOSTI
KRUSEVO
ZA KRUSEVO
ISTORIJA
ARHITEKTURA
PRIRODNI BOGATSTVA
NOVOSTI
TOSE PROESKI
manastir Sv.Preobrazenie
GALERIJA
GALERIJA
Random Image
P1210071.JPG
koj e Online
TOSE PROESKI
24.10.2007.

Тоше Проески 

TOSE

 

    Тоше Проески (25 јануари 1981-16 октомври 2007), роден како Тодор Проески во Прилеп, во влашкото семејство, од родители чие постојано живеалиште е Крушево, беше најпопуларниот пејач во Република Македонија и една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка естрада, кадешто е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде и победува изведувајќи ја песната Yesterday на Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, кадешто останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

    Умира на 16 октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб - 17 октомври - е прогласен за Ден на Национална Жалост.

    Биографија

Рани години

 

Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме". Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработка која ќе му донесе два од најголемите хитови Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999 година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го оддржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.

 

Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје Фест” (од каде се избира македонскиот претставник на Евровизија) со песната "Солзи прават златен прстен" која, и покрај тоа што победува на теле-воутингот, на крајот го освојува третото место, зад Каролина Гочева и победнициите XXL. Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот Божји" кој е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како "Немир" (дует со Каролина Гочева), "Во коси да ти спијам", "Излажи ме уште еднаш", како и "Илузија" и "Тајно моја", две песни компонирани од Кире Костов, (со втората го освојува второто место на фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови, Црна Гора).

 

Српската продукциска куќа “BK Sound” ги откупува правата за издавање на следниот албум на Тоше на просторот на поранешна Југославија, што пак ќе резултира со Оскар на популарноста на просторот на поранешните југословенски републики за 2000 година, како и со целосно распродани концерти во Скопје и Белград. Во 2001 година Тоше, заедно со неколку други македонски пејачи, отпочнува турнеја низ Австралија.

Ѕвездена слава

Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи" на македонски и српски јазик. Следи период на интензивна промоција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.

Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њу Јорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.

Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се оддржува во Истанбул, Турција. Во февруари, со помош на теле-воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.

Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима “Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005, неговиот петти албум “По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. По тебе е сѐ уште еден од најуспешните албуми било кога издадени на Балканот - неколку недели останува на врвот на листите во Република Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи во овие земји.

Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.

Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на Македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

 

Композитор и текстописец

Тоше Проески исто така се потврдува и на полињата на компонирањето музика. Има напишано неколку песни за себе - Има ли ден за нас?, Слушаш ли?, Малечка и Полско цвеќе. Во 2004, Проески ја компонира и Муза - голем хит за Мартин Вучиќ и наслов на неговиот следен албум. Во едно интервју, Тоше има речено дека има повеќе од 100 искомпонирани и напишани песни за кои чека прав момент за да ги издаде.

Сообраќајна несреќа

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. И двајцата се вон-животна опасност.

Реакции по смртта на Тоше

Веста за смртта на Тоше Проески е објавена од најголемите светски новински агенции. Најголем дел од нив го нарекуваат „најголема балканска ѕвезда“, а Би-Би-Си, неговата слава на Балканот ја поистоветува со онаа на Елвис Присли во САД.

По повод смртта на Тоше Проески, на главниот плоштад во Скопје се отворени книги на жалост, а илјадници Скопјани оставаат пораки, палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалоста.

Отворена е и петиција за името на Тоше Проески да го носи Средното музичко училиште во градот Битола, каде учел Тоше Проески. Истата петиција важи и за промоција на хуманитарен фестивал кој ќе се одржува секоја година на денот на неговата смрт 16 октомври и кој ќе го носи неговото име и ќе опфаќа музичари од сите музички жанрови, се со цел да им се помогне на сите оние на кои им треба хуманитарна помош.

 

Албуми

На почетокот на август 2007 година, го издаде и неговиот најнов албум „Игри без граници“, на којшто има соработка со добро проверениот тандем - хрватската пејачка и актерка Антонија Шола и Миро Буљан.

1999

 

   * Некаде во ноќта

 

2000

 

   * Синот Божји

 

2003

 

   * Ако ме погледнеш во очи

   * Ако ме погледаш у очи (верзија на српски јазик)

 

2004

 

   * Ден за нас

   * Дан за нас (верзија на српски јазик)

   * Тоше Проески -стадион '04- Live (DVD издание)

 

2005

 

   * По тебе

   * Пратим те (верзија на српски јазик)

 

2006

 

   * Божилак (aнглиски: Rainbow)

   * Тоше Проески -стадион '06- Live (DVD издание)

 

2007

 

   * Игри без граници

   * Игре без границе (хрватска верзија)

 

Најголеми хитови

 

   * Чија си - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 БиХ

   * Немаш ни благодарам

   * Тајно моја - #1 Македонија

   * Ако ме погледнеш во очи - #1 Македонија, #1 СЦГ

   * Соба за тага

   * Life - #1 Македонија, #2 СЦГ #49 Јужна Африка

   * Жао ми је

   * Кој ли ти гризе Образи (Ко ти то гризе образе) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска

   * Лагала нас мала (со Тони Цетински) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска (20 недели)

   * По тебе

   * Срце није камен (Хит на годината во Хрватска)

   * Вежи ме за себе (#1 на „Радиски фестивал“ во Хрватска)

   * Никој како тебе не бакнува - #1 во Македонија

   * Месечина

   * Волим осмијех твој (со Антонија Шола) - #1 во Хрватска

   * Боже, чувај ја од зло

   * Игри без граници - #1 на Балканот 

    Слики
Последно ажурирање ( 29.10.2007. )
 
design by NT Joomla Team
close